Dj Bono

Dj Bono

Поседувам, професионална музичка опрема и светло за вашата свадба да биде како од соништата

Диџеи и музикаСкопје, Битола, Охрид и уште 915.000 МКД - 60.000 МКД

БОНО Борјан Илковски е роден на 8 јули 1998 година во Скопје, Македонија. Боно? Хаха! Лудиот Боно, со микрофонот. Својата кариера како диџеј ја започнал уште во детството, пуштајќи музика на своите забави, како и на забавите на неговата сестра, во 2013 година во Скопје. Истовремено, додека свирел на традиционални македонски музички инструменти, размислувал како да стане диџеј во македонските клубови. Набргу потоа, добил можност да настапува во еден од најпопуларните локали – „Caffe Trend“ во Скопје, како резидентен диџеј во „Trend Party Room“. Подоцна, почнал да настапува на забави за тинејџери во Скопје, во клубови како „Central Park“, „Club Musandra“ и „Club Mood“, а во исто време ја претставувал и музичката издавачка куќа „Urban Records“. Благодарение на соработката со нив, се стекнал со огромна популарност како диџеј кој ја промовира македонската хип-хоп и „трап“ (trap) култура. Така, тој започнал да настапува како диџеј низ целата земја.

Портфолио

Други во категоријата Диџеи и музика