Бесплатен профил за свадбени вендори
Свадби.мк е местото каде паровите од цела Македонија бараат сали, фотографи, музика и сè друго за свадбата. Направете профил за околу десет минути и барањата ќе Ви стигнуваат директно на е-пошта.
Што добивате
Профил со Вашата работа и цени
Паровите ги гледаат Вашите фотографии, ценовниот опсег во денари и градовите каде работите пред да Ви пишат.
Барања директно до Вас
Секое барање стигнува на Вашата е-пошта и во сандачето на сајтот. Одговарате како сакате: по е-пошта, телефон или Viber.
Бесплатно, без провизија
Профилот и барањата се бесплатни додека Свадби.мк се лансира. Не земаме дел од ниту една свадба.
Како функционира
- Направете профилКатегорија, градови и ценовен опсег.
- Додадете фотографииПаровите ја гледаат Вашата работа пред да Ви пишат.
- Одговорете на барањаПо е-пошта и во Вашиот профил.
Профил на Свадби.мк
Вака паровите денес гледаат еден вендор.
Што прашуваат вендорите
Колку чини?
Засега профилот и барањата се бесплатни. Вендорите што ќе се приклучат сега ќе останат бесплатни и кога ќе воведеме платени пакети.
Дали земате провизија?
Не. Барањата одат директно до Вас, а цената и плаќањето ги договарате со парот.
Кој ги гледа мојот телефон и е-пошта?
Телефонот, Viber, WhatsApp и е-поштата што ќе ги внесете се јавни на профилот, за паровите да Ве најдат. Барањата од формуларот ги праќаме на е-поштата со која сте се регистрирале, не на јавната.
Како стигнуваат барањата?
Парот го пополнува формуларот на Вашиот профил. Барањето стигнува на е-пошта и во сандачето на сајтот, со датумот, бројот на гости и пораката. Одговорете на е-пораката и одговорот стигнува до парот.
Можам ли да го скријам или избришам профилот?
Да. Можете да го скриете во секое време од Вашиот профил. За да го избришете, избришете ја сметката од менито на профилот, или пишете ни на hello@svadbi.mk.
Ми треба ли веб-страница?
Не. Многу вендори имаат само Instagram. Профилот на Свадби.мк може да биде Вашата страница: споделете го линкот каде сакате.
